Александра Пријовиќ пресреќна: Призна дека чекаат бебе, честитки од сите страни

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ бремена, пејачка чека второ дете

Пејачката Александра Пријовиќ е бремена, тврдат српските медиуми. Таа го очекува своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ, а според пишувањата уште е во рана бременост.

Пејачката се огласи по тој повод и накратко ја искоментира среќната вест.

„Вистина е. Ви благодариме за честитките“, изјавила Александра за Блиц.

По тој повод Прија синоќа приредила прослава за своето најблиско семејство и им ја соопштила радосната вест.

Со концерт во белградска арена на 22 декември таа ја заврши турнејата во која одржа дури 64 концерти и реши на одредено време целосно да се повлече од сцената.

– Александра заслужи одмор. Се повлекувам од очите на јавноста... некое време. Следната година е идеална за создавање на нови песни, планирање на сè што доаѓа, одмор, семејство, пријатели – изјави таа за медиумите по концертот во Арена, пред да замине на Златибор за новогодишната ноќ.

Да потсетиме, Александра неодамна ги откри своите идни планови кога е кариерата во прашање, но и желбата да добие ќерка.

–Моето семејство да биде секогаш добро. И би сакала, следната година, бидејќи сега работиме многу, да имаме ќерка – изјави тогаш пејачката.

Александра и Филип го добија синот Александар пред шест години, на 6 март 2019 година.