Синот на Драгана Мирковиќ со девојката ужива за сите пари: Неверојатен поглед и луксуз насекаде

Добивај вести на Viber

Синот на Драгана Мирковиќ Марко Бијелиќ го привлекува вниманието на јавноста откако израсна во згоден млад човек.

Неодамна Марко објави дека ужива во друштво на својата девојка за новогодишната ноќ, а многумина ги окарактеризираа како убав пар.

Неодамна на Инстаграм објави за животот во Виена, а откри и дали ќе се пресели во Србија.

– Ако Австрија продолжи по овој пат, јас ќе дојдам наскоро – истакна Марко, а потоа откри што не му се допаѓа во Австрија.

- Вистинските вредности се изгубени. Во оваа земја веќе никој не верува во Бог. Девојките гледаат на моделите и инфлуенсерите на „OnlyFans“, а мажите не знаат што значи да се биде маж – напиша Марко, спомнувајќи сајт каде што луѓето продаваат претежно голи фотографии и видеа.

Бијелиќ сега замина во Дубаи, и на сите им покажа со што е опкружен.

За потсетување, една од неговите последни приказни на Инстаграм заинтригира многумина и гласеше:

-Го загубив животот, изгубив љубов, го изгубив семејството. Знаеш, таков е животот, не победуваш постојано. Тоа се победи и порази, па се тркалате со ударите…

Со ова тој потоа накратко додаде:

- Фала му на Бога за се!

Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs