Оваа намирница ќе ве спаси да ја „светнете“ рерната: За 30 минути само се брише со крпа и ќе биде како нова!

Добивај вести на Viber

Не е лесно да се исчисти рерната по подготовката на празничните оброци, но имаме одлично решение.

Тврдоглавите дамки од храна и маснотии во рерната не се чистат лесно, особено кога има многу храна што треба да се подготви за време на празниците. Многу домаќинки користат агресивни средства за ова. Доколку сакате да ги избегнете поради хемикалиите што ги содржат, користете го природниот метод за чистење.

Што треба да направите?

Побезбедно и подеднакво ефикасно решение за чистење на рерната е да користите алкохолен оцет, кој веројатно веќе го имате во кујната. Со него нема потреба да ја триете рерната. Прво треба да ги отстраните сите дамки од храна. Истурете чаша оцет во огноотпорен сад или друг што може да влезе во рерната. Ставете го во рерна загреана на 230 степени и оставете да отстои најмалку 30 минути. Следете од време на време како испарува оцетот, ако испарува побрзо додадете уште малку оцет.

Сите дамки ќе се отстранат

Како што испарува оцетот, тој ќе ги раствори масните наслаги и остатоците од стврдната храна. Исклучете ја рерната потоа откако ќе се олади, избришете ја внатрешноста со сунѓерче. Апсолутно сите дамки ќе бидат отстранети и рерната ќе свети како нова!

Фото: Freepik.com
Извор: Najzena.alo.rs