Земи воздух и диши длабоко: Перe над облаци, Џамбазов покрај езеро

Добивај вести на Viber

Густата магла, смогот и загадениот воздух во главниот град, предизвикува нервоза и револт кај граѓаните, па сите бараат начин каде да го поминат денот за да подишат чист воздух.

Опциите кои ги имаме во главниот град се најблиската планина Водно, но и Козјак е честа дестинација на скопјани.

Таму горе на Водно над облаците се дише. Има поглед кон Скопје, како кон море, а всушност тоа се облаците и се она што ги гуши скопјани.

Убавото време и сонцето над Скопје го искористи фронтменот на групата Нокаут, семејно да ужива на чист воздух што во овој момент е најголемата благодат доколку живееш во Скопје.

„Скопје мое Скопје …“, напиша Пере.

View this post on Instagram

A post shared by Nikola Perevski (@perrenokaut)

Но Пере не е единствениот, од Скопје во Дојран на чист воздух замина и актерот и шоумен Игор Џамбазов. Со видео од чистиот Дојран и поглед кон езерото, прати поздрав.

„Мир … Златен Дојран“, напиша Џамбазов.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Сите бараат алтернативи во слободно време да заминат или надвор од Скопје или на повисоките места за да можат слободно да дишат.

Фото: Инстаграм
РЖМ