Оваа пејачка има најдолги нозе на естрадата, но и голем проблем со кој се соочува секој ден: Ги осигурала на милион долари

Добивај вести на Viber

Најдолгите нозе на српската сцена ги има пејачката Снежана Снеки Бабиќ, која наводно ги осигурала на милион долари.

Имено, должината на нозете на пејачката е дури 133 сантиметри.

Иако многу нејзини колешки би сакале да го носат епитетот најдолги нозе, пејачката признава дека често има проблеми бидејќи не може да најде соодветна гардероба - затоа што, како што истакнува: сè и е кратко.

Ги осигурна нејзините нозе

Снежана Бабиќ Снеки зачекори на музичката сцена во 1990-тите години со своите нозе долги 133 см и гордо ги прикажуваше во текот на нејзината кариера.

Дури и кога реши да се повлече од музичката сцена, Снеки беше цврсто на тронот како сопственичка на најдолгите нозе на сцената.

Пејачката е висока 181 сантиметар, а на другарките често им се жали дека и е сè кратко и мало и дека тешко наоѓа соодветна гардероба што може да ја носи.

Наводно, пејачката пред многу години ги осигурала своите долги и совршени нозе на милион долари, по примерот на светските ѕвезди, а во едно неодамнешно интервју, на прашањето дали сè уште плаќа осигурување на своите нозе, Снаки одговорила: „Па, морам“.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs