Милица Тодоровиќ има нов дечко: Пејачката „уловена“ на дело - Нејзиниот кум ја откри тајната

Добивај вести на Viber

Милица Тодоровиќ во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека моментално има ново момче, а не е тајна дека љубовниот живот и е бурен и дека неодамна раскинала со своето момче Лазар.

Имено, ја прашале кога ќе се мажи, а кумот Стеван Анѓелковиќ ја издадел кога е во прашање љубовниот живот на Милица. 

- Постојано зборуваме за тоа, таа постојано бара кандидати, мислам дека сега е блиску - рече Стева, а Милица реагираше вака.

- Ти благодарам кум за оваа вечерва - се пошегува пејачката, но не негираше дека има момче. 

- Ќе дојдеме на свадба. Да се случи, ние одма ќе се спремиме – долеа масло на огнот водителот Огњен Амиџиќ.


Фото: Youtube - screenshoot