„Сакаме малиот Војдан да биде силен победник во оваа битка": Божикна приказна со MINT Fintech Group
Божик е време за добрина, надеж и моменти на човечка блискост. Оваа година, MINT Fintech Group го потврди својот ангажман за своите клиенти, носејќи радост и поддршка на семејството Спасовски од Скопје, кое се соочува со тешки предизвици.
По разговорот со мајката на малиот Војдан, која сподели дел од својата семејна борба со нашата вработена во call центарот, информацијата допре до менаџментот. Без никакво барање од семејството, донесовме одлука да обезбедиме поголема финансиска помош за лекувањето на Војдан, кој е симбол на сила и храброст.
Посетата на семејството, која се одржа ден пред Божик, беше исполнета со искрени емоции и желби за побрзо закрепнување. Нашата поддршка беше повеќе од финансиска – тоа беше порака дека вистинската мисија на MINT Fintech Group е да биде партнер, поддршка и пријател на своите клиенти, особено кога животот поставува предизвици.
„Веруваме дека Божик треба да биде убав за сите. Сакаме малиот Војдан да биде силен победник во оваа битка, а на неговото семејство им посакуваме мир, здравје и многу радости во годините што доаѓаат,“ изјавија од MINT Fintech Group.
Овој потег е уште еден доказ дека компанијата ги гледа своите клиенти како дел од едно поголемо семејство. Секоја постапка што го менува нечиј живот е потсетник дека суштината на успехот не е само во бројките, туку во грижата за луѓето.
ПР објава