Samsung Electronics ги претстави Samsung Vision AI и новите иновации на First Look 2025, обезбедувајќи персонализирани екрани со AI за збогатување на секојдневниот живот
Samsung
ја носи Samsung Vision AI на најшироката линија досега — вклучувајќи ги Neo
QLED, OLED, QLED и The Frame— со интелигентни, адаптивни екрани кои го надминуваат
вообичаеното искуство на гледање телевизија
Проширени се Samsung Art Store и линијата The Frame, вклучувајќи ги новиот The Frame Pro, Neo QLED и QLED, за врвни уметнички доживувања во повеќе домови
Новите технологии на екрани и стратешките партнерства ја истакнуваат визијата на Samsung за попаметна и поповрзана иднина
Samsung Electronics ја претстави Samsung Vision AI на First Look на саемот CES 2025, обезбедувајќи лични екрани со AI за збогатување на секојдневието. Samsung, исто така, го претстави најновиот предводник Neo QLED 8K QN990F и возбудливи ажурирања за своите Lifestyle телевизори и идни технологии на екрани, кои ја одразуваат визијата на компанијата за трансформирање на екраните во адаптивни, интелигентни придружници за да го поедностават и збогатат секојдневното живеење.
„Samsung не ги гледа телевизорите како еднонасочни уреди за пасивна потрошувачка, туку како интерактивни, интелигентни партнери што се приспособуваат на вашите потреби,“ изјави СВ Јонг (SW Yong), претседател и раководител на одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Со Samsung Vision AI, ние повторно ја осмислуваме улогата на екраните, интегрирајќи ги решенијата за забава, персонализација и начин на живот во едно беспрекорно искуство за да го поедноставиме вашиот живот.“
Samsung Vision AI[1]: Паметни, адаптивни екрани за беспрекорно живеење
Samsung Vision AI го претставува следниот чекор во патот на Samsung да обезбеди интелигентни, интуитивни и беспрекорни искуства со екраните. Со способноста да го направи вашиот Samsung телевизор свесен за околината, приспособлив на корисничките преференции и автономен во обезбедувањето на интуитивни функции, Samsung Vision AI ги трансформира екраните во паметни придружници што ја унапредуваат забавата, ги поедноставуваат интеракциите и беспрекорно се интегрираат во поврзаниот начин на живот.
Во сржта на Samsung Vision AI се нејзините персонализирани функции, кои го редефинираат начинот на кој корисниците се поврзуваат и комуницираат со своите екрани.
· Пребарување со клик (Click to Search): Овозможува моментален пристап до информации за содржината на екранот — без разлика дали станува збор за препознавање на актер или истражување на прикажаната содржина — сето тоа без нарушување на гледачкото искуство.
· Превод во живо (Live Translate) поддржан од AI-модел за превод на уредот: Овозможува превод на титлови во реално време, елиминирајќи ги јазичните бариери и овозможувајќи беспрекорно уживање во глобалната содржина.
· Генеративна позадина (Generative Wallpaper): Ги трансформира екраните во динамични, персонализирани уметнички платна, дозволувајќи им на корисниците да создаваат слики кои совршено одговараат на нивниот вкус или пригоди.
Покрај персонализацијата, Samsung Vision AI ги позиционира екраните како централни хабови за попаметно живеење преку интеграција со SmartThings екосистемот:
· Home Insights: Обезбедува ажурирања за вашиот дом во реално време, вклучувајќи известувања за безбедност и дневни известувања, нудејќи сигурност без разлика дали сте во домот или надвор од него.
· Грижа за милениците и семејството (Pet and Family Care): Ги следи активностите на домашните миленици и членовите на семејството, откривајќи невообичаено однесување. Автоматски ги прилагодува условите во просторијата, како затемнување на светлата кога детето заспива, нудејќи ажурирања и снимени настани преку телевизорот.
Samsung Vision AI, исто така, нуди извонреден напредок во квалитетот на сликата и звукот, правејќи го секој момент на екранот фасцинантен. Технологиите за AI-слика и звук на уредот ги анализираат содржината и факторите во опкружувањето во реално време, динамично прилагодувајќи ги визуелните и звучните елементи за оптимизирано искуство.
Надоврзувајќи се на својата историја на препознавање за иновации, најновите функции на Samsung Vision AI, како што се Пребарување со клик (Click to Search) и Превод во живо (Live Translate), заедно со најсовремените производи како AI-придружникот Ballie и Smart Monitor M9 со Copilot, ја заслужија престижната 2025 CES Награда за иновација.
Иновации преку отворени партнерства во AI
Samsung Vision AI нуди неограничен потенцијал преку соработка со различни AI-партнери како што е Microsoft, отворајќи пат за уште попаметни и повеќе персонализирани искуства, како и за проширување на екосистемот на AI-екрани.
Во соработка со Microsoft, Samsung ги најави новите паметни телевизори и монитори кои содржат Microsoft Copilot. Ова партнерство ќе им овозможи на корисниците да истражуваат широк спектар на Copilot услуги, вклучувајќи персонализирани препораки за содржина.
Samsung, исто така, планира блиска соработка со водечки AI-партнери како Google и други за да го прошири она што Vision AI може да го направи.
Со Samsung Vision AI, Samsung ја редефинира улогата на екраните — овозможувајќи персонализирани, интелигентни искуства што се приспособуваадат на потребите на корисниците, ги поедноставуваат нивните рутини и го унапредуваат нивното секојдневие.
Ера на AI-екрани: Samsung носи Samsung Vision AI на својата најширока линија досега
Samsung претставува нова ера во технологија на екрани базирана на вештачка интелигенција со интегрирање на функциите на Samsung Vision AI во најсевкупната серија досега — вклучувајќи ги моделите Neo QLED, OLED, QLED и The Frame. Ова проширување ја нагласува посветеноста на Samsung за донесување интелигентни, адаптивни екрани до повеќе корисници, редефинирајќи ги можностите на домашната забава и паметното живеење.
На врвот на оваа иновација се наоѓа Neo QLED 8K QN990F, најнапредниот телевизор на Samsung досега, дизајниран за да понуди неспоредливи перформанси, елегантен дизајн и попаметни, AI- искуства. Поддржан од најновиот NQ8 AI Gen3 процесор, овој телевизор користи напредни AI-функции на уредот за подобрување на квалитетот на сликата, јасноста на звукот и севкупното гледачко искуство.
· 8K AI Upscaling Pro: Ги подига содржините со пониска резолуција на ниво на неверојатен квалитет од 8K со извонредни детали и јасност во секој кадар.
· Auto HDR Remastering Pro: Ја анализира содржината кадар по кадар, применувајќи проширување на бојата приспособливо на сцената за реални визуелни прикази и живописни бои, дури и во темни сцени.
· Adaptive Sound Pro: Користи AI за да ги одвои и оптимизира звучните компоненти како говор, музика и звучни ефекти, нудејќи јасен и балансиран звук.
· Color Booster Pro: Го збогатува изразот на боите со AI-анализа на сцените и подобрена обработка на сликите за секој кадар.
· AI Mode: Адаптивно ги оптимизира сликата и звукот преку AI-препознавање на содржината и анализа на околината на телевизорот, обезбедувајќи оптимално гледачко искуство во секакви услови.
Со својот ултратенок, минималистички дизајн, QN990F претставува премиум уред за домашна забава што комбинира врвна технологија со елегантна естетика. Благодарение на своите напредни карактеристики и префинет дизајн, овој модел ги унапредува перформансите и стилот на секој животен простор, нудејќи навистина софистицирано забавно искуство.
Нова визија за уметноста: Проширување на Samsung Art Store и претставување на The Frame Pro
Samsung продолжува да ја нагласува синергијата помеѓу уметноста и технологијата со проширувањето на Samsung Art Store и лансирањето на The Frame Pro, нов додаток во култната серија The Frame. Овие иновации ја засилуваат мисијата на Samsung да ја направи уметноста подостапна, повеќе персонализирана и беспрекорно интегрирана во секојдневниот живот.
Samsung Art Store сега вклучува над 3,000 курирани дела од престижни глобални партнери, како што се MoMA и делата на Magritte и Basquiat. Во 2025 година, оваа проширена колекција не е достапна само на The Frame и MICRO LED сериите, туку и на Neo QLED и QLED моделите[2], обезбедувајќи им на корисниците повеќе начини да ги трансформираат своите екрани во персонализирани уметнички галерии. Ова претставува уште еден значаен чекор во посветеноста на Samsung за збогатување на домовите со динамични уметнички искуства.
Дополнувајќи го The Frame, Samsung го претстави The Frame Pro, најновиот модел од серијата кој го унапредува искуството на уметност и забава со напреден Neo QLED квалитет на слика — обезбедувајќи посветли бои, поостри контрасти и подобрено локално затемнување за подлабоки црни тонови. Со NQ4 Gen3 AI процесорот, The Frame Pro нуди ненадминат квалитет на слика, како за уметнички дела така и за видео содржини. Дополнително, овој модел доаѓа со иновативниот Wireless One Connect, кој овозможува поголема флексибилност при инсталација и беспрекорно вклопување во околината.
Засилувајќи ја својата врска со светот на уметноста, Samsung стана официјален партнер на Art Basel, правејќи го The Frame официјалниот екран на ова глобално реномирано уметничко случување.
„Како дел од нашата мисија за поддршка на светот на уметноста, партнерството со Samsung како наш официјален глобален партнер за екрани ни помага да ги надминеме физичките и дигиталните бариери, овозможувајќи повеќе луѓе да ја искусат уметноста на иновативни и значајни начини,“ изјави Хејли Ромер (Hayley Romer), главен директор за раст во Art Basel. „Преку The Frame и Samsung Art Store, љубителите на уметноста можат да внесат дела од светска класа во своите домови, трансформирајќи го начинот на кој ја доживуваат и ценат уметноста.“
Обликување на иднината на технологијата на екрани
Како водечки иноватор во редефинирањето на улогата на екраните, Samsung не обезбедува само технолошки напредок, туку и создава значајни, персонализирани искуства кои го унапредуваат секојдневниот живот.
На First Look 2025, Samsung го претстави The Premiere 5, првиот интерактивен тројно-ласерски проектор со ултракраток домет (UST) во индустријата. Дизајниран за редефинирање на домашната забава, The Premiere 5 воведува интерактивна функција на допир, овозможувајќи директна интеракција со екранот. Оваа иновација совршено ја комбинира висококвалитетната проекција со разновидна функционалност, користејќи ја технологијата Samsung LightWARP за проектирање слики на секојдневни предмети, создавајќи креативни и имерсивни искуства.
Samsung, исто така, ја демонстрира својата посветеност на обликување на иднината на технологијата на екрани со MICRO LED Beauty Mirror. Овој иновативен огледален екран ги комбинира напредните способности за рефлексија и преносливост со персонализирани совети за убавина, покажувајќи како најсовремената технологија може да ги подобри дневните рутини. Со анализа на индивидуалниот тип на кожа, огледалото обезбедува персонализирани препораки за производи, правејќи ја грижата за себе поинтуитивна и поефективна. Овој напредок е овозможен преку иновативните решенија за убавина развиени од Amorepacific, водечка козметичка компанија во Кореја.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите,
[1]Достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот.
[2]Достапните модели може да се разликуваат во зависност од земјата.
ПР објава