Џил Бајден се офајди како прва дама: Парче накит од од 7,5 карати е највредниот подарок, а другото...
Дијамантот од 7,5 карати на Џил Бајден беше највредниот подарок што некој член на претседателското семејство го доби во 2023 година, објави АП.
Најскапиот подарок што првата дама на САД Џил Бајден го добила од странски лидер е дијамант вреден 20.000 долари, кој и го подарил индискиот премиер Нарендра Моди, покажа годишниот извештај на Стејт департментот.
Покрај тоа, првата дама доби брош вреден 14.063 долари од украинскиот амбасадор во САД, а нараквица и фото албум во вредност од 4.510 долари од претседателот и првата дама на Египет.
Џо поседува и вредни подароци
Американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, доби голем број скапи подароци, вклучувајќи комеморативен фото албум вреден 7.100 долари од неодамна суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол, статуа на монголски воин вредна 3.495 долари од премиерот на Монголија, сребрена чинија во вредност од 3.300 долари од султанот од Брунеи, сребрен послужавник вреден 3.160 долари од израелскиот претседател Исак Херцог и колаж вреден 2.400 долари од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според федералниот закон, службениците на извршната власт мора да пријават подароци што ги добиваат од странски лидери и колеги чија проценета вредност надминува 480 долари.
Што ќе прави Џил со дијамантот?
Многу од овие подароци се релативно скромни, додека поскапите подароци обично, но не секогаш, се пренесуваат во Националниот архив или се прикажуваат на официјални изложби.
Дијамантот, вреден 20.000 долари, се наоѓа во источното крило на Белата куќа, според документот на Стејт департментот, додека други подароци за претседателот и првата дама се испратени во архивата.
Портпаролката на првата дама, Ванеса Валдивија, рече дека дијамантот ќе биде префрлен во архивата откако Бајденови ќе ја напуштат Белата куќа.
Примачот на подарок има и можност да го купи подарокот од американската влада по пазарна вредност, иако тоа е ретко, особено кога станува збор за луксузни предмети.
Фото: Инстаграм
Извор: Wanted.mondo.rs