Поради разликата во висината ги исмејуваа, а сега ѝ блеска дијамант на раката: Зендаја кажа „ДА“ (ФОТО)
Новогодишната ноќ беше посебна за овој пар, а се чини дека на сличен начин ќе ја разубават и следната.
Актерката Зендаја се сврши со својот долгогодишен партнер Том Холанд. Иако парот ова официјално не го објави, се беше јасно кога актерката се појави на доделувањето на наградите Златен глобус.
Нивната врска беше цел на потсмев поради разликата во висината, но како што еднаш изјавија, воопшто не обрнуваат внимание на негативните коментари.
Голем дијамантски прстен ѝ ја красеше раката и беше невозможно да не се забележи. Покрај прстенот, погледот го привлече и нејзиниот нереален фустан. Според некои модни критичари, Зендаја беше меѓу најдобро облечените познати дами на последните награди за Златен Глобус.
Елегантниот фустан на Луј Витон во комбинација со дијамантски ѓердан и веренички прстен - беше хит.
Американскиот портал ТМЗ објави дека добил потврда од извор близок на парот дека Зендаја и Том се вериле по Божиќ и пред Нова година. Познатите актери ги поминаа празниците во една од многуте куќи на Зендеја во Америка, каде Том ја запросил. Како што се наведува, тоа било интимна свршувачка за двајца.
Извори за тој портал исто така велат дека нема да направат свадба оваа година поради веќе закажани планови, но тоа сигурно ќе го направат следната година.
Двајцата се запознале во 2017 година, но врската ја започнале дури во 2021. Никогаш не зборувале јавно за својата љубов и се речиси „незабележливи“, па не се знае многу за нив. Можеби затоа и успеале, кој знае...