Конечно разведени: Анџелина не издржа повеќе, па после 8 години се потпиша на хартиите! Еве кој што добил

Добивај вести на Viber

Изгледа Бред Пит не размислувал многу за разводот, наместо тоа ги собрал основните работи и оставил се‘ на Анџелина и на децата.

Само две години по долгоочекуваната венчавка, Анџелина Џоли поднесе барање за развод на 19 септември 2016 година. Причината бил инцидент во авионот, чии детали се‘ уште не се познати, но се шпекулира дека Бред Пит бил насилен кон нивниот посвоен син.

Но, по тој инцидент започнаа лавина обвинувања од страна на Анџелина Џоли, која тврдеше дека Бред Пит е алкохоличар, насилник кој ја прогонува неа и нивните деца.

И после толку години, на 30 декември 2024 година, парот конечно ги потпиша документите и разводот беше финализиран.

„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата останаа со сите средства што ги споделија со г-дин Пит, и оттогаш таа се фокусираше на наоѓање мир и исцелување“, изјави Џејмс Сајмон. Адвокатот на Анџелина додаде: „Ова е само дел од долгиот процес кој започна пред осум години. Искрено, Анџелина е исцрпена, но ѝ е мило што овој дел е завршен“.

Изворот додава и дека Џоли јавно или приватно не зборува лошо за Пит. „Тоа се обидува да биде светло по темни времиња. Претставниците на Бред допрва треба да го коментираат разводот. Не така одамна, актерот го прослави својот 61 роденден - и слободно може да се каже дека во седмата деценија неговиот живот само што започна! Поточно, почна да свети во светли бои“.

Инес де Рамон му помогна на Бред Пит повторно да верува во љубов. Бред и Инес заедно ги прославија празниците и родендените. Иако Пит сакал да го помине Божиќ со децата, ниту еден од нив шестмина не комуницира со него. Тројца официјално го отфрлија презимето на нивниот татко Пит.


Фото: Youtube - screenshoot