„Тајната“ сестра на принцот Вилијам доаѓа на кралскиот Божиќ: Со него крвнички се караше, еден на друг си кажаа ужасни зборови, нов судир на повидок?

Добивај вести на Viber

Познато е и зошто со години не се поднесуваат...

Се ближи божиќниот собир на кралското семејство во Сандрингем. Шпекулациите се шират околу списокот на гости од минатиот месец, а принцот Вилијам откри дека тие достигнале рекорден број овој Божиќ.

„Ќе бидеме во Норфолк, во Сандрингем. Ќе бидеме 45 луѓе за Божиќ. Нема да биде тивко, ќе биде бучно“, рече тој.

Се шпекулира дека своја покана добила и Лора Лопес, ќерката на кралицата Камила и Ендру Паркер Боулс.

Многу луѓе беа изненадени од ова, бидејќи веќе беше познато дека Лора и принцот Вилијам имале лоши односи. Како што пишува Irish Mirror, двајцата имале „страшни расправии“ во минатото, а авторката Кејти Никол во својата книга „Хари и Вилијам: Зад ѕидовите на палатата“ открила дека најголемата причина за тоа била аферата на Чарлс и Камила.

„Вилијам и Лора имаа страшна кавга околу тоа кој е виновен за нивните уништени домови. Вилијам ќе ја обвини Камила за сета болка што таа ја предизвика на неговата мајка, принцезата Дијана, што ќе ја налути Лора, која ќе заземе тврд став и ќе му возврати на Вилијам: „Татко ти ми го уништи животот“.

Исто така, Никол откри дека Лора и нејзиниот брат Том биле „немилосрдно задевани“ на училиште поради врската на нивната мајка со тогашниот принц Чарлс.

„Не и беше грижа што тоа е принцот од Велс, го обвини за распадот на бракот на нејзините родители и не се плашеше да му го каже тоа на Вилијам“, напиша таа во книгата.

Сепак, се чини дека нивниот однос оттогаш значително се променил, а доказ за тоа е и фактот што ќерката на Лора била слугинка на свадбата на Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година. Инаку, Лаура од 2006 година е во брак со овластениот сметководител Хари Лопез, со кој има три деца.