Кејт и Вилијам на чекор да станат кралица и крал: Ова се тајни сигнали дека се подготвува пресврт на деценијата!
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги започнаа своите божиќни прослави порано оваа година, прескокнувајќи го традиционалниот свечен ручек во Бакингемската палата во четвртокот организиран од Чарлс III и отидоа во Анмер Хол во Норфолк, имот од повеќе милиони долари. Престолонаследникот рече дека 2024 година била најлошата година во неговиот живот, а 2025 година сѐ повеќе се очекува да донесе голем пресврт за него и неговата сопруга додека се подготвуваат да ја преземат улогата на крал и кралица.
Пријател на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам рече: „Никој не можеше да очекува што им донесе оваа година на принцот и принцезата од Велс. Семејството им е толку важно, а децата се центарот на нивниот универзум. Сакаа порано да почнат да слават. Тие се фокусираа оваа година на тоа да бидат со децата дома и да им се придружат на остатокот од семејството за Божиќ во Виндзор“.
Историчарот и пријател на династијата Хуго Викерс откри нови детали за принцезата: „Ми рекоа дека ѝ оди подобро и малку почестите појавувања укажуваат на тоа... но очигледно е апсолутно поразително и многу тешко за неа, а таа не ја завршила борбата уште“.
Импликациите од овие изминати 12 месеци се далекусежни за Кејт и Вилијам, кои живеат со сознанието дека се потенцијално на „едно отчукување на срцето“ од да станат крал и кралица, особено кога кралот Чарлс продолжува да се бори со ракот. Од палатата пред неколку дена соопштија дека лекувањето ќе биде продолжено, но дека се оди во добра насока.
Тоа значи дека монархот сепак ќе има намален опсег на должности, па Вилијам и Кејт ќе преземат одредени должности, тоа се очекува во се поголеми размери, особено во случајот со принцезата.
„Порано или подоцна, Кетрин е подготвена да стане кралица“, додаде Викерс за тоа како би реагирала принцезата доколку предавањето се случи ненадејно.
Изворите велат дека кралот Чарлс бил „исцрпен“ откако го завршил своето деветдневно патување во Австралија и Самоа во октомври со кралицата Камила и паузирал од лекувањето за патувањето.
„Одблиску изгледа доста исцрпено, има црвенило околу очите и е послаб. Отсекогаш изгледал толку силно порано, но претпоставувам дека тоа е очекувано по 10 месеци лекување на ракот“.
ФОТО: EPA-EFE/GERRY PENNYЧарлс се пошегува дека се уште е жив кога во петокот се појави со Камила во северен Лондон.
„Вилијам се обидува да биде позитивен. Но, тој е под голем стрес - не само што неговиот татко е болен, туку како принц од Велс, тој не знае кое утро ќе се разбуди како крал“, рекол Викерс.
Што прави Кејт Мидлтон приватно?
Кејт ќе има намален опсег на должности до крајот на годината, а нема заеднички планови за патување во годината што претстои за неа и Вилијам, пишува Page six. Изворите велат дека британското Министерство за надворешни работи би сакало тие да одат во САД во 2026 година на Светското првенство и 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност.
Пријател на славната двојка вели дека нема копче за враќање на династијата онаму каде што била пред здравствената криза. „Нејзиното здравје е на прво место, тоа е многу истакнато - и, се разбира, нејзините деца“, додаде Викерс.
Кејт инаку беше забележана во Хоум Парк во Виндзор, во близина на семејната куќа, како и на училишната трка и училишните настани на нејзините деца. На 16 јануари, Кејт Мидлтон имаше голема операција на абдоменот во Лондон, на 22 март таа рече дека е болна од рак, а на деветти во септември објави дека завршила со хемотерапија.
Веста за дијагнозата ја објави во екстремно лежерна облека, ја отфрли „кралската помпа и се врати на она што навистина е како личност“, прокоментира нејзиниот стилист Бетан Холт, моден уредник на британскиот The Daily Telegraph.
Тајни сигнали
Вилијам неодамна се сретна со Доналд Трамп и ја претставуваше Британија на важен настан, вовед во улогата што го чека.
Пријател на двојката нагласи дека Кејт и принцот од Велс годинава биле „многу отворени“ за јавноста, како и дека принцезата и се обратила на јавноста директно, а не преку палатата Кенсингтон и дека ќе продолжат во тој ритам, но ..
Имаат долг натпревар пред нив и би било неискрено да се преправаат дека сѐ е во ред“, вели изворот.
Вилијам сè повеќе ги вклучува принцезите Јуџин и Беатрис и Зара и Мајк Тиндал како „помошници“. „Ни требаат поенергични помлади членови на семејството“, рече Викерс.
Се очекува Кејт по една година да биде дел од Божиќната прошетка во Сандрингам со другите членови на судот.
„Божиќ е голема работа бидејќи сите ќе се појават заедно по оваа година на превирања“, рече Холт, која нагласи дека Кејт покажува дека е подготвена да биде кралица со тоа што ќе носи повеќе накит на покојната кралица Елизабета Втора.
Тоа го направила и кога се сретнала со шеикот од Катар и неговата сопруга.
2024 година беше предизвик, а следната ќе биде пресвртница.
ФОТО: Инстаграм принтскрин