Денес се слави Зачнувањето на Света Ана: Жените не треба да работат, а еве што треба да направат оние кои имаат проблем со зачнување
Денес, според христијанскиот календар се празнува Зачнување на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица.
Света Ана според традицијата се смета за мајка на Богородица и баба на Исус Христос.
Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави Архангел Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица.
Света Ана била жена на Елкан, од Арматем или Ариматеја. Немаше деца бидејќи беше неплодна, заради што горко плачеше и тагуваше. Но, милостивиот Бог се смилува на неа и ѝ ја разреши неплодноста заради нејзините непрестајни воздишки и молитви. Ана го роди својот син Самуил и Му го посвети на Бога уште од неговото детство. Тој беше голем водач на Израилскиот народ и Пророк, помаза два цара, Саул и Давид. А светата Ана Му испеа на Бога благодарствена песна, чудесна според мудроста и убавината, па нејзе и ден денес ја пееме во богослужбите на Црквата.
Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од родители свети, чисти и праведни. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници. Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана.
Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни, побожни и добри, ги помагале сиромасите и болните, а ги советувале младите. Од приходите што ги имале една третина задржувале за себеси, една давале на храмот, а една третина раздавале на сиромасите. Но биле многу несреќни затоа што немале деца. Во тоа време немањето пород се сметало за последица на божја казна за некој голем грев па и за нив многумина се сомневале дека во себе кријат токму таков грев. Јоаким и Ана постојано искрено и со солзи го молеле Бога да им даде рожба и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќеја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот.Денешниот
ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или
сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а
пак жените кои имаат проблем со зачнување треба да одат во манастир да се
молат. Некои таму остануваат и по три дена.
Постои обичај, мајките со женските деца да одат околу куќата и да фрлаат пепел
и просо за да ја зачуваат куќата од зли духови. Жените не работат во текот на
денот, а некои бдееат цела ноќ додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги
слушнат велат: „Слушам,
слушам петле, свое чувам селско збирам“.
Фото: denovi.mk
Извор: denovi.mk/preminportal.com.mk