Новинар ја поткачи Џеј Ло поради годините, таа се избори како вистинска госпоѓа: „Секоја чест за неа за тоа како му одговори“

Добивај вести на Viber

„Секоја чест за неа за тоа како му одговори“, „Госпоѓа, ами што“, „Неверојатна е“, многумина застанаа на страната на Џенифер Лопез по коментарите на новинарката Клејтон Дејвис за нејзината возраст.

„Не можам да верувам дека поминаа 30 години од филмот „Селена“, ѝ рече уредникот на Variety на Џенифер Лопез за нејзината насловна улога во филмот и продолжи:

„Кој би помислил дека 30 години подоцна ќе правиме ретроспектива на сѐ, а вие дотогаш ќе имате 60 години, што е...“. Таа одговори кратко: „Wow“.


Новинарот тогаш рекол дека наводно сѐ било шега, а Џенифер Лопез не се збунила и ѝ се заблагодарила на публиката што била со неа „толку долго“, му рекла и дека ѝ се допаѓа тоа што нагласил дека „ќе добаци до шеесет“.


„Изгледа како да има 30 години“, „Многу луѓе ја мразат затоа што изгледа подобро од девојките кои имаат 25 години“, „Нејзината возраст е комплимент затоа што изгледа неверојатно“, „Стареењето е подарок“, „Таа е убава“, многу, многу комплименти доби Џенифер Лопез, а меѓу реакциите на ова видео се и забелешките за нејзиното контроверзно пријателство со Паф Деди, кое интензивно се следи со месеци.


Џеј Ло ги отфрли предрасудите за убавината и годините на жените, но е и прекрасен пример дека на енергијата не влијае и датумот на раѓање, познатата пејачка на средината на шестата деценија сè уште си поставува високи цели и постојано ја изненадува публиката затоа што има многу да понуди, како во однос на музичката, така и на филмската сцена.


ФОТО: Инстаграм принтскрин Џенифер Лопез официјален профил