Ноќта пред Св. Никола на плоштадот во Скопје: Поставена најголемата и најубава Божиќна пештера
Полека, но сигурно Скопје заличува на град во кој се слават новогодишно-божиќните празници.
Ноќта пред празникот на светецот кој е заштитник на децата, сиромасите и морепловците Св. Никола - Чудотворец во центарот на Скопје беше поставена голема Бадникова пештера.
Глетката е милина за очи и душа.
Величествената Божиќна пештера ја поставија од здружението Бадникови поворки:
„На плоштадот Македонија поставена е највеличествената Божиќна пештера во регионот
Драги наши сограѓани,
Со посебна радост, ве известуваме дека на плоштадот Македонија е поставена највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот.
Ова ремек дело, кое плени со својата возвишена естетика, претставува можност за сите нас автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање.
Дојдете заедно да се израдуваме, понесете ги вашите најмили, мали и големи, млади и возрасни, та сите да уживаме во оваа прекрасна глетка, која ги топли нашите души.
Да ја пренесеме божиќната радост во сечие срце и во секој дом!
Ви посакуваме топли празнични моменти и ве очекуваме на Плоштадот Македонија! БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2025 – Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“
Фото: Фејсбук - Бадникови поворки