Тие се пример за среќен брак: Фахрие Евџен и Бурак Озчивит на семејно уживање во француското градче Колмар

Добивај вести на Viber

Позната турска актерска двојка Фахрие Евџен и Бурак Озчивит уживаат во предновогодишно патување во градчето кое овие денови е како бајка.

Парот со синот Каран, го истражуваат гранцускиот град Колмар, кој во овој период од годината е центар на случувањата, бидејќи таму се одржува божиќен базар, а целиот град е украсен со новогодишни декорации.

Среќното семејство ужива во преубавиот Колмар, храната, тезгите кои нудат уникатни украси.

Парот Фахрије Евџен и Бурак Озчивит, се пример за среќен брак и нивните две деца.

Атрактивната актерка кај нас е позната по улогата на Неџла од „Кога лисјата паѓаат“, а Бурак се прослави со улогите во повеќе турски серии како „Величествениот“ и „Карасевда“.

Парот се венчаше во 2017 година, ја удвоија среќата со тоа што го добија првиот син Каран во 2019 година, а во 2023 година го добија синот Керем.

Фановите будно ги следат нивните објави на социјалните мрежи, па секоја нова фотографија е проследена со илјадници допаѓања и коментари.

Фото: Инстаграм