ВО САБОТА ПОВТОРНО ДОАЃА СНЕГ: Нов ладен циклон во земјава, Попоски ги објави деталите
Под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран од север, поврзан со циклонската активност која ќе биде со центар над Средоземјето, во петок попладне и навечер најпрвин врнежите ќе бидат од дожд и локално ќе бидат пообилни, особено во сабота, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Поради продор на ладен воздушен бран од север, во сабота на 21 Декември ќе дува засилен ветер од северен правец, па така на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде на планините постојаната снежна покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места.
Исто така, во сабота на 21 Декември, поради споменатиот продор на значително поладен воздух од север, повремени врнежи од снег ќе има и во повеќе пониски места (градови), особено во северните и во западните предели, па токму во споменатите места можно е формирање на помала снежна покривка.
Подетално читајте на Фактор тука.