Полна соба цвеќиња и подароци за грациозната Елена Реи: Нашата манекенка со светски успех прослави роденден

Добивај вести на Viber

Разни цвеќиња и подароци го украсија домот на нашата убава моделка Елена Реи по повод нејзиниот роденден.

Девојката која е еден од најдобрите и најуспешни модели кај нас кои се стекнаа со светска слава и постигна вртоглав успех, вчера ги дувна свеќичките на тортата и наполни 29 години.


Убавата Елена направи и роденденска забава за пријателите, а тие ја опсипаа со внимание и нејзиниот ден го направија уште поубав.

 Од Келвин Клајн, преку Армани до Валентино... Елена има богато портфолио исполнето со бројни ревии, кампањи и насловни страни од најпознатите светски модни имиња.

Убава, нежна, ненаметлива, грациозна и своја, Елена некогаш Тајковска, денес Реи, карирерата ја започна  на 13 години, а убавината, ја наследува од својата мајка, која исто така некогаш чекорела по модните писти. 

Реи неодамна успешно ги промовираше и кампањите за најголемите кинески брендови како MOTF, SHEIN и D: FUSE. 


Фото: инстаграм принтскрин