Мала приказна за рајот и пеколот: Разликата е во нас
Еднаш, еден човек имал среќа да го види Бога. Обидувајќи се да ги открие најважните работи, човекот прашал: „Боже, би сакал да видам како изгледаат рајот и пеколот“. Бог го фатил човекот за рака и го одвел до две врати.
Отворајќи ја едната, видел голема тркалезна маса со огромен сад во центарот на масата. Садот бил наполнет со храна која мирисала толку вкусно што човекот ја голтал со очите.
Имало луѓе што седеле наоколу - се чинело дека се беспомошни, болни или гладни. За секоја рака била прикачена лажица со многу долга рачка. Лесно можеле да стигнат до храната, но не можеле да ја донесат лажицата до устата, поради таа предолга рачка. Глетката на нивната несреќа била ужасна.
- Сега го видовте пеколот – рекол Бог.
Потоа се приближиле на друга врата:
Отворајќи ја, ја видел истата голема тркалезна маса, истата голема чинија исполнета со вкусна храна. Па дури и во рацете на луѓето биле истите лажици со предолги рачки. Но, сите изгледале полни и среќни.
- Не разбирам - рекол човекот.
- Едноставно е - одговорил Господ.
- Овие луѓе научија да се хранат едни со други. Оние другите мислат само за себе. Рајот и пеколот се создадени исто. Разликата е - во нас.
Фото: freepik