Боже, ти си семоќен! 16 - годишниот Дамир ја победи леукемијата
Се бореше како лав
16-годишниот Дамир Пејиќ, чија приказна ја потресе Хрватска, ја победи леукемијата откако успешно му беа трансплантирани матични клетки! Во средата тој беше отпуштен од болница во родниот Вуковар.
„Токму на 18 септември добив матични клетки од донатор, а сега по три месеци одам во Вуковар“, рече Дамир.
„Среќен сум! Бев малку ментално депресивен бидејќи цело време бев во болници. Ретко излегував од својот стан во Загреб - веќе ми беше преку глава!“, искрено признал, пренесува Нет.хр.
Тој со нетрпение го чекал враќањето во својот дом и се надева дека ќе ги помине празниците во Вуковар. Зад него е навистина тежок, болен пат. Но, тој, неговата баба и вујко не биле сами. Сите денови на неговата борба покрај него бил и пожарникарот Јосип од Загреб, со кој се запознал и многу се зближил по медиумските написи.
Најважно по трансплантацијата е леукоцитите да почнат да растат. Во случајот на Дамир тоа не се случило долго време. И сакале да признаат денес или не, сите се плашеле.
По трансплантацијата, крвната група на Дамир се променила. Сега ја има истата како Јосип - неговиот пријател кој бил таму кога првпат ја напуштил болницата, само за еден ден.
И денес беше таму, а Дамир не го знаеше тоа. Кога го виде, и двајцата заплакаа. Јосип дојде да го земе да го однесе дома. Попладнето, кога влегле во Вуковар, на радио свирела песна која Дамир го потсетила на неговата покојна мајка. Случајност, ќе речат некои, но од радиото одекнал текстот: „Javi mi ako mi trebash... (Јави ми се ако ти требам)“.
Фото: Youtube - screenshoot