Како од мајка родена: Парис Хилтон само со панделка честита празници - „Сега си мајка, зошто го правиш ова?

Добивај вести на Viber

И додека на некои луѓе навистина им се допадна разголеното издание на Парис Хилтон, други сметаат дека е несоодветно. Никој не вели дека не е убава, пишуваат, но мислат дека ги срами своите деца...

Бадник беше доста жежок за Парис Хилтон (43), судејќи по фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи. Малку остави на фантазијата, со оглед на тоа што се фотографираше целосно гола пред раскошно украсена елка, а интимните делови ги покри само со голема панделка. 

- Моето присуство е подарок - напиша таа покрај разголеното видео, а подолу беа коментарите на следбениците.

„Ова е многу секси“, „Каква икона си“, „Уф, какво тело“, ` напишале. Но, имаше и такви кои ` пишаа дека нејзината објава е непримерна за ваков празник.

„Сега мајка и сопруга. Многу си убава, но... зошто?“, „Извини, ова не е соодветно“, „Твоите деца ќе се срамат многу да го видат ова еден ден. Интернетот памети се', „Прекрасна си, но сега си и мајка. Како би сакале да ја видите вашата мајка во оваа верзија?“, се дел од коментарите.

Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум се во брак три години и имаат две деца, синот Феникс и ќерката Лондон. Тие добија и син и ќерка со помош на сурогат мајка.


Фото и Видео: Инстаграм