Квалитетот и традицијата спој кој трае повеќе од 101 година: Интервју со Анита Чакарова, Директор за контрола, квалитет и безбедност на храна во ПИ „Кристал 1923“
* Што го издвојува брендот „Кристал 1923“од останатите производители во Македонија?
Прехранбената индустрија ,,Кристал 1923,, е најпрепознатливиот бренд со долгогодишна историја и традиција во прехранбената индустрија која брои повеќе од 101 години на нашиот пазар и надвор од границите. Единствена компанија со целосно заокружен процес на производство на сончогледово масло за јадење добиено од семе сончоглед до готов производ.
* Колкави се производствените капацитети на „Кристал 1923“?
Производните капацитете на Кристал 1923 се од големо значение за нас и за нашата држава. Технички капацитети со кои располагаме се:
• Единствен капацитет во РМ за преработка на маслодајни семиња (сончоглед, репка, соја во зрно) од преку 50.000 тони годишно
• Цистерни за складирање 15.000 тони сурово масло
• Рафинерија за производство на 100 тони рафинирано масло дневно
• Линија за амбалажирање масло за јадење од преку 100 тони дневно
• Капацитет за производство на маргарини од 7000 тони годишно
• Производство на кондиторски производи (алва, локум, желе,таан) од 1000 тони годишно
• Производство на оцет (алкохолен, вински и јаболков)
* Како го одржувате производството на високо ниво и кои инвестиции се планирани за зголемување на производствениот капацитет во иднина ?
Постојано се врши модернизирање преку инвестиции во најнова технологија, автоматизација и одржување.
Започнавме изградба на нова и најсовремена рафинерија за масло со која ќе се намали работниот притисок, а со тоа и количината на пареа и трошоците. Освен тоа,ќе се автоматизира целосниот процес, исто така што е најважно со сето ова ќе се зголеми квалитетот и ќе имаме конкурентни цени на пазарот.
Во процес се и други значајни инвестиции како монтажа на кристализер и пакерка за маргарини, кои ќе го зголемат капацитетот на производство на маргарин, а со тоа ќе се подобрат некои карактеристики на индустрискиот маргарин за лиснати теста како и ќе се подобри обликот и формата на стони маргарините.
* Како успевате да одржите континуитет во квалитетот на производите?
Да се биде Директор за контрола на квалитет е многу одговорна задача која мора постојано да се следи и да се внимава на квалитетот на производите.
Нашите производи се високо позиционирани на пазарот благодарение на одржување на високиот квалитет овозможено преку постојана контрола на процесите преку лабораториски и микробиолошки испитувања.
Мониторингот на производите е опфатен во секој процес почнувајќи од влез на суровина и амбалажа до финален производ . Постојаното вложување во нова лабораториска опрема која ни ја олеснува работата и процесот на испитување прават да се зголемува ефикасноста на брзите и точните анализи. Исто така во соработка сме со екстерни лаборатории со кој го потврдуваме нашето работење. Тука има голема улога и добро обучениот и стручен кадар во секторот на контрола и интерна лабораторија кои ги имаме во нашата фабрика. Нивната посветеност на работата е на највисоко ниво.
Освен следење на производите и применување на хигиената во производствениот просторот според барањата од стандардите за квалитет на храна користиме и дополнителни иновативни технологииза стерилизација и дезинфекција на просторот без употреба на хемикалии и средства, безбеден процес, овозможено во контролирани услови и следено од стручни лица од компанијата Бдд Стери и STERISAFE PRO со кои имаме квалитетна соработкаи безбеден производ . Сето тоа ја докажува нашата општествена одговорност и грижа за своите потрошувачи.
* Какви стандарди за контрола и сертификации користите за да ја осигурате безбедноста на храната?
Нашата компанија е една меѓу првитекомпании во регионот која има сертифицирано меѓународни стандарди и системи за квалитет кои ни се од големо значење, ISO 9001:2015, HACCP и ISO 22000:2018,HALAL. Исто така, го применуваме и стандардот ISO 14001, во процедура е имплементација и на бараниот стандард IFS кој ке ни биде од големо значение за соработка со големите европски ланци на маркети.
Особено ние чест и сме многу горди на нашиот успех , оваа година одбележавме 20 години од добивањето на сертификатот за квалитет ISO 9001добиен од Quality Austria-кое преставува незaвисно тело за меѓународна сертификација ,вршење на проценка на сообразност врз основа на меѓународни станарди и законски регулативи . Оваа долгогодишна соработка е од големо значение кое ни докажува дека имаме цврсти темели во досегашното применување на стандардите и понатамошно надоградување .
* Кои производи од вашето портфолио се најпопуларни кај потрошувачите?
Брендот Кристал има богато портфолио на производи, наши најпопуларни производи што би ги издвоила се Кристал коцка маргаринот (нема кој не ја помни уште од најраните детски години и врвните кулинарски готвења), Кристал софт маргаринот, тука е и маслото за јадење Кристал кое освојува бројни награди во изминатите години за најквалитетно масло за јадење на балканот, најубавата велешка алва на која никој не може да и одoлее на вкусот, локум Кристал со орев, ружа, кокос, исто така инајвкусниот зачин Еленкаи уште многу други што не можам да ги издвојам...Мислам дека нема некој што не ги користи или пробал нашите производи.
* Каква е улогата на локалните земјоделци во производството на вашите производи?
Ние како компанија со единствен откупен капацитет за сончоглед во нашата држава, сметаме дека локалните земјоделци имаат главна улога во нашето производство, тие се наш долгогодишен стратешки партнер и ние сме најголем подржувач на локалниот Агро-сектор, а со тоа придонесуваме кон повторно враќање на сончогледот на нашите полиња организирано преку снабдување со сертифициран семенски материјал и поддршка за добивање на субвенции, што е најбитно имаат исто така и загарантиран сигурен откуп и брза исплата. Сончогледот кој се користи за нашиот производ маслото за јадење Кристал внимателно го селектираме, испитуваме и го праќаме во процес на обработка.
* Како ја гарантирате свежината и квалитетот на вашите производи до крајниот потрошувач?
Се разбира, ние како препознатлив бренд и лидер на пазарот мора да се грижиме и за доставата на нашите производи до сите ланци на маркети кај нас и надвор од границите. Поради тоа користиме сопствена логистика со константно проширување на возниот парк , по потреба ни се случува да мора да користиме и надворешен транспорт бидејќи барањата од продажба се зголемуваат, а ние мора да го запазиме времето на испорака.
* Како се грижите за задоволството на вашите потрошувачи?
Секој производ е направен со квалитет на високо ниво и посветеност. Редовно добиваме информации од нашите потрошувачи и ги користиме како основа за подобрување и исполнување на нивните очекувања. Организираме разни наградни игри и попусти преку кој ги наградуваме за нивната лојалност кон нашиот бренд.
* Какви активности преземате за зачувување на животната средина и енергетска ефикасност?
Кристал како општествена одговорна компанија постојано инвестира и се грижи за животната средина преку селектирање и рециклирање отпад, употреба на еколошки прифатливи пакувања. Кампањата за рециклирање што ја правиме во соработка со Пакомак придонесува за уште поголема совест и грижа на околината.
Исто така, инвестираме во технологии за зголемување на енергетската ефикасност во производствените процеси, ова вклучува оптимизирање на потрошувачката на енергија, користење на обновливи извори на енергија, фотоволтаици и намалување на емисијата на штетни гасови.Оваа година извршивме промена и на парните линии за довод и линиите за поврат на технолошка пареа со што имаме заштеда на ресурси.
* Како компанија со 101-годишна традиција, како гледате на иднината?
Нашата мисија е да продолжиме да растеме како водечки бренд на пазарот, да инвестираме во нови технологии и нови производи кои ќе го следат модерниот начин на живот.
Исто така ќе продолжиме да ги исполнуваме највисоките стандарди за квалитет и безбедност на производите, така што ќе останеме доверлива марка за потрошувачите препознатливи како и до сега.