Пукна ли љубовта на Џесика Алба и Ворнер по 20 години брак и три деца? Важеа за златна двојка, а сега ...
Оваа вест изненади многумина...
Актерката Џесика Алба и продуцентот Кеш Ворен важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд, а заедно се речиси 20 години. Меѓутоа, сега сите се изненадени што на нивната љубов ѝ дојде крајот, пренесува Вион.
Американските медиуми пренесуваат дека парот се разведува по 17 години брак. Нивниот брак наводно веќе некое време го мачат непомирливи разлики, а последен пат биле видени во ноември минатата година, пишува TMZ.
Познато е дека парот и претходно имал проблеми. Продуцентот во една прилика истакна дека нивната врска минувала низ различни „фази“ и во еден момент дури и раскинале поради неговата љубомора.
Тој призна дека на почетокот на нивната врска бил многу љубоморен поради вниманието што Алба го добивала од другите момци.
„Едноставно не се чувствував добро поради тоа. Отсекогаш сум бил прилично самоуверен човек... И тогаш цело време се чувствував љубоморен“, се присетува тој.
За потсетување, парот се запозна на снимањето на „Fantastic Four“ во 2004 година, каде Ворнер беше асистент режисер, а Џесика глумеше во филмот. Тие се венчаа четири години подоцна. Заедно имаат две ќерки Хонор (16), Хевен (13) и син Хејс (6).
Сепак, колку оваа вест е веродостојна што ја пренесоа најголемите светски медиуми, ќе покаже времето. Џесика Алба и Ворнер заедно ги поминале празниците и ја дочекале новата година, судејќи според нивните фотографии на социјалните мрежи и заедно им испратија пораки за среќни празници на следбениците.