Карлеуша пред Музејот на Југославија направи спектакл со симфониски оркестар за Божиќ! Музичка дива во стилот на најголемите светски ѕвезди

Добивај вести на Viber

Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша на Божиќ приреди спектакуларен празничен концерт во Белград за сите гледачи...

Пејачката настапи на Прва ТВ во мини-арената пред Музејот и ги изведе песните во најубав аранжман. Пејачката изведуваше и песни од други уметници како „Видовдан“, „Ружица си била“, придружувана од симфониски оркестар, а со овој проект покажа дека ги поместува границите кога е музиката во прашање.

Јелена Карлеуша завршила музичко училиште и свири флејта, а на овој начин љубовта кон музиката ја споила на сосема поинаков начин.

Само дел од гостите се Ана Бекута и Саша Матиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Јелена за Прва изјави дека ова е круна на нејзината 30-годишна кариера.

- Оваа година е посебна бидејќи се 30 години од мојата кариера и сакам да ја славам спектакуларно. Ќе има многу концерти, песни, идеи кои ќе ги реализирам. Мислам дека тајната е во самодовербата, мислам дека вербата во себе е важна, без тоа никогаш не се случува голем успех. Неверојатно убави песни во уште поубави аранжмани кои ја одбележаа мојата кариера - изјави таа во интервју за Прва ТВ.

Јелена во придружба на симфониски оркестар најави вистински спектакл непосредно пред почетокот на гала вечерта на чие снимање учествуваа околу 700 луѓе.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

- За прв пат во нашата понова историја, под ведро небо, на платото пред Музејот на историјата на Југославија и Куќата на цвеќето се снимаше музички спектакл во живо. На самото снимање учествуваа над 700 луѓе и јас пеам во живо. Нема да откривам повеќе детали. Ако кажам дека ова е светска приказна, испаѓа премногу скромно... - напиша таа денеска во објавата.

За време на концертот, поп дивата смени неколку фустани и костими, а кадрите од концертот се нереални. 

Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs