Сека Алексиќ пиела масло на Свети Нектариј и забременила: „Не можете да го користите без благослов и има правила“
Пејачката Сека Алексиќ има два сина Јован и Јаков, а своевремено проговори и за борбата за потомство.
Имено, како што еднаш кажала Сека, по совет на нејзиниот свештеник, отец Никола и по предлог на друг свештеник, почнала даго пие маслото на свети Нектариј, по што останала бремена.
Неодамна Сека изјави дека после тоа почнала да ја слави славата на „Свети Нектериј“.
- Мојот пат до потомството не беше лесен, јас сум човек кој чекаше седум години за да има дете. Јас и мојот сопруг седум години се мачевме да имаме дете. Ин витро оплодувањето е само 30 проценти. Направив три ИВФ, третото беше успешно, првите две беа неуспешни. Кога ја решивме мојата инсулинска резистенција беше многу полесно, пиев апчиња четири години, тие помогнаа да се реши тој проблем. Кога се одлучивме за третото ин витро оплодување, по совет на мојот свештеник, отец Никола и по предлог на друг свештеник, тоа е отец Аца, негов колега, почнав да го пијам маслото на свети Нектариј. Отец Аца беше на Егина и го донесе маслото на свети Нектариј и му рече на мојот свештеник, отец Никола, да ми го даде мене и мојот сопруг Вељко - започна Сека, а потоа продолжи:
„Го испив маслото на свети Нектариј и забременив“
- Во однос на маслото на свети Нектариј има пропис, не може да се користи без благослов и има правила како да се користи, колку капки да се земаат. Жената го пие, се причестува и потоа оди на процес на ин витро оплодување. Сето тоа го почитувавме јас и Вељко. Се причестив и отидов на ИВФ и фала богу се роди мојот Јаков.
Инаку, свети Нектариј живеел кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Бил епископ на Пентаполис во Александриската патријаршија. По многубројните клевети, поради своето скромно и свето однесување, се преселил во Грција, каде што бил директор на средно богословско училиште.
Го основал манастирот Света Троица на Егина, каде што се подвизувал до својата смрт и каде што денес се неговите мошти. Се упокои во 1920 година. Тој е еден од најпочитуваните светци и чудотворци во православието.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs