Александра Пријовиќ го слави Бадник во куќата на свекрвата: Тоа што го јадат за вечера ќе ги изненади сите

Добивај вести на Viber

Мајката на Филип Живојиновиќ ја угости својата снаа

Александра Пријовиќ вечерва се огласи на Инстаграм каде на своите следбеници им го честиташе Бадник. Во објавата ја тагна и мајката на Филип Живојиновиќ која очигледно ги угостила синот и снаата.

Познато е дека семејствата на Александра и Филип одлично се согласуваат.

Мајката на Филип Живојиновиќ подготвила специјална вечера.

Наместо традиционална бадникова вечера, семејството на Александра се одлучило за нешто поинакво. Имено, вечерва сите заедно подготвиле рибја чорба, а попатно уживале во прекрасно семејно дружење.

Познато е колку Александра е приврзана за семејството кое ја придружуваше во текот на целата турнеја што неодамна ја заврши. Меѓутоа, покрај родителите, баба ѝ и дедо ѝ, Прија на бројни концерти ја придружуваше и свекрва ѝ Зорица со која отсекогаш била во одлични односи.

Таа еднаш дури и јавно изјави дека Брена не ѝ е свекрва, бидејќи Филип има мајка и дека Зорица е нејзина свекрва.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot