„Поранешниот сопруг не сака да контактира со синовите“: Тања Савиќ откри детали за врската меѓу нејзините деца и Душан

Добивај вести на Viber

По тешкиот период кога нејзините синови беа однесени во Австралија, пејачката Тања Савиќ сега ужива во стабилна врска со Муки Бешиќ. Тој стана голема поддршка не само за неа, туку и за нејзините синови, кои Тања ги смета за пресудни за нивната среќа и развој.

Тања истакнува дека нејзините синови нашле поддршка во Бешиќ и дека се среќни што тој е дел од нивните животи. Пејачката ги советува родителите да ги следат своите инстинкти кога станува збор за воведување на нов партнер во животот на нивните деца, нагласувајќи ја важноста да се поставидобра основа за нивната иднина.

Тања откри дека нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ моментално не е во контакт со децата, освен во ретки прилики кога сака да го покаже својот нов автомобил. Пејачката верува дека нејзините синови сега се доволно зрели да им судат на луѓето околу нив, вклучувајќи го и нивниот татко.

„Вашите деца ќе реагираат онака како што сте ги восиптале, се ќе биде добро на крајот, ако поставите добра основа“, рече Тања, нагласувајќи ја важноста на родителското водство и љубов. Пејачката се осврна и на болните моменти од минатото, но сега со благодарност се навраќа на моментите поминати со своите деца.


Фото: Youtube - screenhsoot