„Мораме да веруваме во чуда за да се случат“: Слобода Миќаловиќ за Бадник во црква - Се помоли и го честиташе празникот

Добивај вести на Viber

Денеска, 6 јануари, христијанските го слават Бадник, ден пред  Божиќ. По тој повод се огласи актерката Слобода Миќаловиќ, која сакаше да им го честита празникот на своите следбеници.

Имено, таа на Инстаграм сподели фотографија од црква во долг фустан и напиша:

„Среќен Бадник“.

Инаку, Слобода во една прилика зборуваше за религијата.

„Верувам во Бог, верувам во љубов, верувам во Исус. Мораме да веруваме во чуда за да се случат. Ако немаме вера, не ни останува ништо друго во животот, тоа е мое мислење. Верувам дека некои работи се предодредени за нас. Без вера, нема живот.  Не сакам никого да влечам за ракав. Се трудам да ја живеам мојата вера“, изјавила актерката за „Информер“ и додала:

„Човекот не може да живее без слобода и вера“.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs