Никола (28) е најсреќниот татко на Балканот: По 2 сина сакал ќерка, а на денот на породувањето доживеал ШОК!
Таткото Никола Богдановиќ (28) од градот Тешица, во Србија по два преслатки сина, посакал да добие девојче - наследничка. Желбата му се исполнила, но не било се‘ како што замислувал. Сопругата забременила, а целото семејство донекаде било изненадено од веста дека наместо едно бебе, чекаат близнаци. Никој не бил посреќен од таткото! Меѓутоа, на денот на породувањето на неговата сопруга доживеал вистински шок. Дознал дека ќе стане татко на три девојчиња! Да, сопругата носела тројка.
Оваа неверојатна приказна ги шокираше сите што го познаваат ова прекрасно семејство. Младата мајка Александра (31) девет месеци носела тројки без да знае. По преслатките момчиња Јован (5) и Петар (1), родителите сакале уште едно бебе, а потајно се надевале дека тоа ќе биде женско. Желбата им се исполни, но веста на денот на породувањето, дека за само неколку часа ќе добијат три девојчиња, ги изненадила сите. Младиот татко Никола Богдановиќ за Телеграф.рс раскажа како реагирал кога ја дознал оваа вест.
-Сакавме трето дете, сопругата забремени, а целата бременост се водеше како да се близнаци. Знаевме дека се девојчиња. Бев навистина среќен. На денот кога сопругата требаше да остане во болница, лекарите ги виделе тројките. Кога првпат дознавме дека се близнаци, бевме многу среќни поради тоа, но бевме и малку загрижени за гужвата, околу децата, но сепак не ни се намали возбудата. И тогаш беше вистински шок кога дознавме дека сепак тие се тројки. Особено што малку се плашевме што може да се случи со третото бебе бидејќи таа никогаш не беше прегледана. Можеше се‘ и сешто да се случи, но фала богу се помина во најдобар ред – раскажа гордиот татко.
Бебињата се зачнати по природен пат, а во последните дваесет години таков случај не е забележан во овој регион. Александра се породила на 22 ноември, а „скриеното“ бебе поминало 23 дена во болница. Сите тие ја поминаа првата Нова година заедно во топол семеен дом, а ова седумчлено семејство веќе го привлекува вниманието на сите пријатели и соседи кои не кријат колку се воодушевени и горди.
Трите девојчиња имаат прекрасни традиционални имиња - Анѓелија, Ѓурѓина и Даница, а со двете постари момчиња Јован и Петар, ова е вистинска мала група.
- Сопругата веќе се чувствува добро. Со оглед на тоа дека има тројки, таа имаше навистина лесна бременост, но малку ѝ беше и тешко, не можеше толку да мрда, но херојски се‘ протурка. Се породи со царски рез, помина се‘ како што треба. Таа се опорави. По осум дена излезе од болница со две девојчиња, а потоа ни се придружи и третото девојче - објаснува таткото.
Како што вели, досега им оди одлично, сето тоа благодарение на претходното искуство, бидејќи мајката веќе имала две бремености. Никола е горд на сопругата и благодарен на родителите кои им пружаат максимална помош во воспитувањето на нивните деца.
-Нашиот постар син е најголемата помош бидејќи е околу нив за се‘ што им треба, ги посетува, им става цуцла, помага при пресоблекување, капење, па е навистина активен нон стоп. А овој помладиот уште не знае толку многу, па е малку воздржан бидејќи е уште мал и бара целосно внимание, но тие се добри - вели тато Никола.
Како што обично се случува, кога се раѓаат децата, родителите можат да заборават на сонот, особено кога станува збор за тројки. Малите деца бараат постојано внимание и грижа, но организацијата е клучот за се‘, а Никола и Александра подеднакво ја поделиле целата работа.
-Последниве денови почнуваат малку да негодуваат, не спијат многу добро навечер. Јас и жена ми сме на должност и се менуваме. Ги доеше бебињата од првите две бремености, но сега нема доволно млеко, па бебињата се на дополнителна храна, па барем малку е полесно, да го направиме и да им го дадеме. Значи, ние сега за сега се снаоѓаме. Малку помалку сон, тешко е, но и тоа ќе помине - вели овој горд татко на пет деца.
Соседите и пријателите не ја кријат радоста поради малите и оваа неверојатна приказна.