Позитив на денот: Игротека секој месец ќе подарува бесплатен роденден на овие дечиња

Добивај вести на Viber

Скопска игротека е денешниот наш позитив на денот. 

Секој месец тие сакаат да израдуваат детенце од социјално ранливите категории со тоа што ќе му напрват бесплатен роденден.

Се работи за игротека Морковче која е ново отворена и се наоѓа во Јурумлери.

„Би сакале секој месец да подаруваме славење на еден роденден (простор, анимација на децата, грицки, сокчиња и торта) на детенце од социјално ранлвите категории“ , стои во нивна објава на социјалните мрежи во групата Женски домаќински муабети.



Од игротеката замолуваат да нема злоупотреби и да ги контактираат семејства кои навистина имаат потреба.