Крие дека се роднини, бидејќи луѓето мислат дека ја интересираат само парите: Вака изгледа внуката на Цеца, вистинска убавица
Хелена Оцокољиќ е ќерка на Лидија Оцокољиќ и внука на Цеца Ражнатовиќ, која досега само неколку пати била пред камерите.
Оваа прекрасна дваесетгодишна девојка не е некој што сака да се покажува, па на интернет може да се најдат само неколку нејзини фотографии и видеа.
Оние кои имаа можност да ја видат, најмногу пред камерите зборуваше за тетка ѝ за нејзиното семејство, откривајќи кој е најстрог во семејството. Убавата Хелена потоа откри со кого најчесто влегува во конфликт и каква е нејзината тетка во реалноста.
– Мислам дека мајка ми е најстрога во семејството – открила на почетокот, а потоа додала:
- Кон мојот брат Виктор е можеби најстрога, особено кога е во прашање училиштето. Виктор е човек кој има време за сè, ако утре има тест, ќе биде опуштен и ќе каже: „Па, имам цела ноќ до тестот“. Тој е тотална флегма. Ние сме многу хармонично семејство, полно со љубов. Ништо не може да не раздели“, рече Хелена.
Во таа прилика проговори и за Цеца, откривајќи зошто никогаш не истакнала дека се во роднинска врска.
- Ја сакам повеќе од се на светот. Таа ми е тетка, а не „Цеца“ како на сите други. Луѓето мислат на секакви работи кога ќе ме видат, како на пример дека ме интересираат пари или дека се фалам дека имам пари. Долго време го криев фактот дека ми е тетка, бидејќи сакав луѓето прво да ме запознаат, за да не добијат погрешен впечаток за мене“, изјави тогаш убавата Хелена.