Игор Којиќ ќе се венча и пред Бога со 15 години помладата Софија: Подготвуваат гала церемонија, еве кога и каде
Поранешниот сопруг на пејачката Северина, Игор Којиќ тајно се ожени со неговата нова избраничка Софија
Синот на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, Игор, 3 дена по Нова година тајно се ожени со својата избраничка Софија Дачиќ, која е 15 години помлада од него.
Игор и Софија направија граѓанска венчавка во Нов Белград, а наскоро пред Бога ќе се заколнат вечна љубов.
- Игор е голем верник и за него црковната венчавка е многу поважна од онаа во општината. Сепак, тој и Софија се сакаат толку многу што не сакаа повеќе да чекаат, па оваа формалност пред законот ја завршија на 3 јануари. Бидејќи тогаш сè уште траеше Божиќниот пост, тие не можеа да се венчаат во црква, па тоа ќе го направат во прва прилика.
- Како што стојат работите во моментов, во планот има две опции. Првата е тоа да го направат во парохиската црква Свети Василиј Острошки на Бежанијска коса или да отидат во манастир далеку од градската гужва и таму да го извршат овој свет чин - вели изворот.
Која е убавата Софија?
Невестата наводно е 15 години помлада од Игор, живее во Звездара, населба во Белград и е активна на социјалната мрежа ТикТок.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot