4 генерации музичари од Спасенцовски на едно место: Сопругот на Антониа Гиговска горд на фамилијата

Добивај вести на Viber

Одличен спомен

Сопругот на Антониа Гиговска, Роберт потекнува од музикално семејство. Неговиот татко Боби Спасенцовски е познат фолк пејач, а и неговиот брат Александар има свој бенд и е музичар кој свири заедно со неговата партнерка Јана која исто така е пејачка. Александар има и свои песни. 

Роберт исто така е музичар кој има направено и испеано неколку негови песни и е верен придружник на неговата сопруга Антониа, тие настапуваат секаде заедно. 

View this post on Instagram

A post shared by @jokerdam93


Неодамна пејачката се пофали дека и нивното синче Киан има музички предиспозиции, откри дека знае да запее со мајка му и татко му и оти е музикално потковен и подготвен да го посети музичкото студио на Лазар Цветковски, еден од најуспешните продуценти и композитори кај нас.

Покрај бројните настапи на семејството Спасенцовски на големиот христијански празник Божиќ најдоа време за да го поминат денот со најблиското семејството, а за да го овековечат моментот направиле семејна фотографија на која се 4 генерации на Спасенцовски.

Дедо им, таткото Боби, неговите синови Роберт и Александар и синчето на Антониа Гиговска и Роберт кој се потпишува под севдонимот Џокер, Киан. 

Можеме само да претпоставиме колку е весело и колку песни се пеат на празници и семејни ручеци кај оваа семејство.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм