Божественото патување на Псалм 150 до Давидовата харфа - Сара Мејс го оживеа божиќниот дух на македонската музика
Македонската музика позната по своите
традиционални ноти, но истовремено и трансформативни и современи изведби во
новата доба, дефинитивно е сржта на безвременската убавина на секоја македонска
песна.
Пејачката Сара Мејс и покрај својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во својот втор дом Македонската опера и балет, храбро и без двоумење го прифати предизвикот на Македонското библиско здружение по повод 30 години од постоењето на здружението, за овековечување на „Псалм 150“, преку своја уникатна музичка замисла.
„Голема е честа за прифаќање на предизвик, кој се преточи во мелодијаод замислениот звук на музичкиот инструмент на Царот Давид, познат како Давидова харфа. Од срце се заблагодарувам на поканата на Македонското библиско друштво за креирање на оригинално македонско музичко дело за Псалм 150 и оживување на библиските записи со звуците на харфата. Оваа песна е со благослов од Македонската Православна Црква, Македонското Библиско Здружение и монашкото братство од манастирот Св. Пантелејмон, каде и е снимен видео записот. Музичката креација е изворно македонска, а мојата изведба во живо премиерно се оддржа во октомври 2024та за време на промоцијата на псалтирот, преведен на современ македонски јазик (Псалтир - Книгата Псалми), во издание на здружението, кој изобилува со прекрасни псалми од Библијата. Убавината на македонската музика и христијанските православни вредности ми беа мотивација, а воедно и поттик да го замислам звукот на инструментот на библискиот цар Давид и да ја претворам во реалност, како подарок за македонскиот народ пред божиќните празници,“ изјави пејачката Сара Мејс.
„Псалм 150“ е снимена во студиото The Basement, музиката е на Сара Мејс, видео записот е на режисерот Ѓорги Трпески, а за стајлингот на Сара во видео спотот се погрижи тимот на пејачката Hairhouse и MUA & Styling: FRAN.
Сара Мејс & the Girlzz својата зимска
турнеја ја започнаа во декември во Битола, Штип, Крива Паланка, каде продолжија
на скопскиот плоштад за дочекот на Нова Година, како и во Охрид за првиот ден
од годината. На 10ти јануари последниот концерт на Sarah Mace & The Girlzz
ќе се реализира во Велес во театарот „Јордан Х. К. - Џинот“, заедно со
Камерниот оркестар на Битола. Концертот во Велес е од хуманитарен карактер и
сите собрани средства од продадените билети целосно ќе бидат донирани на Црвен
Крст - Велес. Средствата ќе бидат донирани на оние на кои им е најпотребна
помош и подадена рака за време на празниците.