Познатата водителка ја свитка сармата за Бадник: Како за прв пат и не е воопшто лоша
Елена Стојановска Јанковска е една од попознатите водителки кај нас.
Шармантна, културна, секогаш дотерана согласно пригодата, водителката плени каде и да се појави.
Често е активна и на социјалните мрежи, а со последното видео споделено на Инстаграм , Елена покажа дека за прв пат направила сарма.
Сарма е јадење кое деновиве го спремаат многу домакинки по повод празникот Бадник, а да ги израдува домашните со вкусниот деликатес решила и Стојановска Јанковска.
„Како за прва сарма свиткана во живот мислам не сум воопшто лоша“ , се пофали водителката во опис на видеото.
Во интервју за Женски магазин Елена раскажа како и поминува едно секојдневие. Почнувајќи од утринските обврски во Сител Телевизија, па се до крајот на денот.
„Делот од денот во кој јас многу уживам е дружењето со мојата ќерка. Попладнињата ги поминуваме заедно, сега веќе гледаме и заедно серии кои одговараат на нејзина возраст, заедно читаме книги, јас со моја а таа со нејзина тематика, учиме, пешачиме и така без да почувствувам деновите како да летаат. Мојот сопруг завршува подоцна со работа, но најчесто во вечерните часови пешачиме или гледаме филм. Со оглед на тоа дека рано станувам, не можам да се пофалам дека сум ноќна птица и најчесто прва заспивам, па така сум рекордер во недогледување на започнати филмови“, раскажа Елена.