Актуелно // Insta вести
Моден двобој: Александра Јанева и Адријана Кеш во ист крој на фустан кој е хит оваа зима
- 06 Јануари, 2025
Едната е фолк, а другата поп пејачка, но двете се одлучија за фустан со ист крој на нивните настапи.
Александра Јанева на нејзините настапи на предновогодишните забави облече фустан со интересен крој. Без ракави, кус, кој во долниот дел завршува со карнери. Во духот на новогодишната атмосфера, фустанот на Јанева беше со кариран дезен.
Наспроти Александра, Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш за дневна забава се одлучи за фустан со ист крој, но во една боја.
Покрај фустанот со ист крој, двете дами модниот избор го искомбинирале со високи чизми во сребрена боја.
Очигледно кусиот фустан со карнери е вистински хит за оваа сезона.
Фото: ИнстаграмРЖМ