Ова е мајката на Борко Ристовски: Снаата Нина гордо се пофали со неа и со паричката
Бадник е ден за семејството, за најблиските и најсаканите.
Најчесто младите семејства откако во нивниот дом ќе кршат паричка во бадниковото лепче за Бадник, ги посетуваат и постарите и таму заедно ја повторуваат традицијата.
Таква традиција има и во семејството на министерот за спорт Борко Ристовски, а гордо со свекрвата Бети се пофали неговата сопруга Нина која на инстаграм напиша:
„Оваа ќе биде посебна година! Кај свекрва ми во питата за цела фамилија, паричката кај снаата. Среќна и бериќетна 2025 ! Честит Бадник“
По сликата може слободно да кажеме дека поранешниот ракометар, а актуелен министер за спорт Борко Ристовски личи на неговата мајка.
Во кругот на младото семејство Ристовски пак, паричето паднало во малиот Душан, првородената среќа на Борко и Нина: „Честит Бадник драги пријатели. Мир, здравје и благосостојба посакувам за вашите фамилии. Годинава паричката ја пронајде Душан. Да си ми среќен, здрав и умен мое најмило“, напиша мама Нина покрај фотографии од Бадниковата вечера.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм