Сами реновирале и заштедиле илјадници евра: Парот ги искористил овие трикови и ја добиле кујната од соништата

Добивај вести на Viber

Реновирањето на кујна е навистина голем трошок, а доколку решите се да направите сами, како овој пар, ќе заштедите илјадници евра.

Реновирањето на кујна бара многу финансиски вложувања, но еден пар од Англија нашол решение како да направи целосна трансформација на кујната и тоа за малку пари. Џес и Конор го купиле својот прв дом, но не бил во одлична форма, требало да се реновира. Првото нешто со кое почнале била кујната.

Старата кујна им изгледала ладна и здодевна, а кога побарале од мајсторот да процени колку ќе чини да ја реновира, сфатиле дека не можат да си го дозволат тоа. Мајсторот им побарал 17.000 евра.

„Не планиравме сами да ја реконструираме кујната, но не можевме да си дозволиме толку голем трошок за толку мал простор. Наместо тоа, решивме да погледнеме упатства за реновирање домови на социјалните мрежи и Јутјуб“, изјавил сопственикот на куќата за „Џем прес“.

Гледале многу видеа и прочитале толку многу совети што биле сигурни дека можат сами да се справат со овој проект.

„Мислам дека направивме голема трансформација на кујната, но она што направи најголема разлика беше всушност што не беше толку скапо“, признава парот, мислејќи на менувањето на кујнските елементи.

Наместо да купат нов мебел, решиле да го обојат постоечкиот. Во старата кујна доминирала белата боја со застарени сребрени детали. Тие одлучиле да ги обојат двата елементи во темно зелена боја и да додадат нови, златни рачки. Поради оваа мала и евтина промена, тие добиле неверојатна промена на целиот простор.

Наместо сиви плочки, тие се одлучиле за дрвен под, а за тоа морале да одвојат малку повеќе пари, дури 1.700 евра. Во продавница за половни производи купиле нов фрижидер, а чинел само 490 евра. Дополнително, тие ја смениле работната површина, мијалникот и избрале златна славина за да одговара на остатокот од просторот. За нивниот проект потрошиле многу помалку од цифрата што ја побарал мајсторот и добиле совршен изглед.

Извор: Lepaisrecna.mondo.rs