Судбината на најплодната жена го распарчува срцето: Родителите на 12 години ја принудиле на брак, на 13 веќе била мајка

Добивај вести на Viber

Една жена од Уганда, Маријам Набатанзи, позната како „Мајката на Уганда“, родила 44 деца пред да наполни 40 години и ги одгледала како самохрана мајка.

Маријам, која сега има околу 44 години, пет пати родила тројки, четири пати близнаци и пет пати четворки. За жал, шест од нејзините деца починаа. Нејзиното најстаро дете има 28 години, додека најмалото само шест.


Судбината на Маријам беше тешка од самиот почеток. На само 12 години родителите ја принудиле на брак, а на 13 таа станала мајка. Нејзиниот сопруг подоцна ја оставил, земајќи ги сите нивни заштеди, оставајќи ја сама да се грижи за децата. Оттогаш, Маријам како самохрана мајка се бори да ги обезбеди основните потреби на своето семејство - храна, облека, лекови и образование.

Поради честите повеќекратни бремености, Маријам посетила лекар, кој ѝ објаснил дека боледува од ретка состојба позната како хиперовулација. Оваа состојба, предизвикана од генетска предиспозиција, доведува до ослободување на повеќе јајце клетки за време на еден циклус, што ги зголемува шансите за раѓање на близнаци, тројки и четворки. Лекарите ѝ рекле и дека контрацептивните средства не се безбедни за неа.

„Тоа беше Божја волја“, рече Маријам, објаснувајќи ја својата судбина. И покрај предизвиците, таа успеала да ги испрати сите свои деца на училиште, а многумина веќе го завршиле своето образование.

Откако сопругот ја напушти, доби помош од хуманитарци, вклучително и кревети за децата, но условите во кои живеат се уште се многу тешки. Маријам успеала да издржи работејќи различни работи – била фризерка, собирала метал, продавала хербални лекови и се занимавала со физичка работа. Се што заработува троши за потребите на своето семејство.


-Пораснав во солзи, а мојот сопруг ми донесе многу болки. Денеска целото мое време и труд го посветувам на моите деца и на работа за да заработам за живот, вели Маријам.


ФОТО: Принтскрин Јутјуб