Убавица на мама: Ќерката на Катеририна Шехтанска слави роденден - „Секогаш вака своја и уникатна како името што си го носиш“

Добивај вести на Viber

Кога ќерката ќе ја надрасне мајката и рамо до рамо ќе застане со неа, мајката е горда на она на ќерката која е до неа. Љубовта помеѓу мајката и ќерката е нераскинлива, безусловна и вечна.

Актерката Катерина Шехтанска и нејзината ќерка Клеоника оставаат впечаток на една таква конекција.

Актерката со емотивна порака и неколку заеднички фотографии и го честиташе роденденот на ќерка си, која минатата година беше полуматурантка.

„Среќна 16-ка, среќо мајкина. Да продолжиш да блескаш и да си секогаш вака своја и уникатна како името што си го носиш Клеоника. Те сака мами“, напиша Шехтанска.

Актерката е горда мајка на тинејџери кои чекорат по вистинскиот пат.

- Ме мотивира самата помисла дека имам семејство, деца кои допрва треба да ги изведеме на прав пат. Ме мотивира идејата дека живееме во едно ненормално општество, изопачен систем и вредности од каде треба дефинитивно да се најде излез (а очигледно не може) или да се најде виза за надвор. Ги мотивирам, ги учам, ги воспитувам да бидат успешни, да бидат пред сè луѓе, да ги почитуваат основните вредности, на морал, на почитување, а со самото тоа што треба нив да ги мотивирам, се мотивирам и јас самата. Денот ми е исполнет пред сè со нивните обврски. Јас освен оние во домот и семејството други немам (ми ги одзедоа усте многу поодамна). Ама сепак не се жаллам, се борам, мрчам, не молчам и гледам семејството да опстане покрај сите премрежја што се нудат на дневно ниво, а не па на подолги стази, изјави актерката во едно интервју за Женски магазин.

Фото:Давид Гавевик/ _davido.photographer
РЖМ

Горда сум што ја издржав оваа година, што сум жива и здрава и јас и децата: Предновогодишно со Катерина Шехтанска