Актуелно // Insta вести
Зимската убавица топи сѐ пред себе со природниот изглед: Еве каде (ФОТО)
Пејачката Викторија Лоба е љубител на снегот, на скиењето и вечерите покрај камин на планина. Редовно години наназад, првите денови од Новата година ги користи за шетање на некои од најпознатите ски центри во Регионот, но и во Европа.
Атрактивната русокоса со своите следбеници сподели неверојатни пејсажи од снежната покривка во Италија, поглед кој буквално го одзема здивот.
Облечена во ски одело во бела боја на брендот Colmar, без грам шминка и во убаво друштво ужива на планина во убавата Италија.
Според Сторињата кои ги сподели на Инстаграм, пејачката ги користи деновите на планина за да прошета на повеќе места, да ужива во погледот кој не може да се плати со пари и да дише чист воздух.
Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива