Зимска авантура во земјата на Дедо Мраз: Андријана Јаневска семејно во Лапонија

Добивај вести на Viber

Андријана Јаневска со семејството во овие снежни денови ужива во Лапонија.

Пејачката после празниците времето го поминува на снежни авантури.

Возење со автомобили на снег, e само една од активностите кои семејството на познатата пејачка и  виолинистка и професор на Факултетот за музичка уметност ги испроба во земјата на Дедо Мраз.



Лапонија или Лаппанд (фински и севернолапонски: Lappi, шведски Lappland) е најголемиот и најсеверниот регион во Финска. 

Тоа е земјата на зимските бајки. Лапонија, матичната земја на Дедо Мраз се наоѓа на северниот дел на светот, има свој јазик, култура и традиција. Мирното живеалиште на номадскиот народ Сами е голема туристичка атракција за љубителите на бајковитите бели пејсажи. Таа денес е административно поделена помеѓу две земји – северната провинција го носи името Лапонија, додека шведскиот дел го нарекуваат Лапланд.

Сведочењето на вистинска зимска бајка нема да ве остави рамнодушни во чудесната ледена земја со огромните замрзнати арктички тундри, густите шуми и непристапниот брег.