Секој ден го гледате на ТВ Сител, а вака изгледал како дете: Препознавате ли за кого станува збор
Скоро секој ден го гледате на ТВ Сител, тој е познат и како најблискиот пријател на водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска, Спасе Јовановски или познат во јавноста и како „Рола до бола“ - псевдонимот под кој се потпишува на социјалните мрежи.
Тој е еден од најпознатите Метео презентери, активен е на социјалните мрежи и неретко знае и да искоментира дрско за некоја ситуација која ги засега поголемиот број на граѓани, или за некоја актуелност која е најкоментирана или вирална.
Овој пат ја изненади јавноста споделувајќи фотографија од него како дете.
Ако се загледате убаво, ќе видите дека и не се променил многу визуелно Спасе, само пораснал. Се‘ уште ја има истата боја на коса, благата насмевка и немањето никаков страв и срам од објектив, кој очигледно го носи со себе од мал.
Инаку, Јовановски освен презентер на Мето вестите, од неодамна во Сител е уредник и водител и на „Сител Поткаст“.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм