Сергеј Варошлија првпат јавно ја покажа најважната личност во неговиот живот: Оваа прекрасна дама е негова мајка

Добивај вести на Viber

Познатиот стилист Сергеј Вараошлија објави фотографија од неговата мајка. Ова е реткост да се види на неговиот профил, бидејќи Сергеј досега ја нема покажано мајка си во јавноста.

Поводот за објавата со фотографија е посебен, роденден на неговата мајка.

„11.01. Среќен 78-ми роденден Мајка, да си ми здрава и жива. Сликава е од пред 1 месец“, напиша Сергеј на фотографијата.

Очигледно дека оваа дама добро се грижи за нејзиниот изглед, предност е што Сергеј е нејзин син, па модните совети сигурно ги добива секојдневно.

По долги години по отворањето на „1ТВ“, Сергеј се врати на телевизиските екрани со емисија за мода.

Сергеј е активен на социјалните мрежи, со фотосеии за брендови за кои е заштитно лице.

Фото: Инстаграм
РЖМ