Браво за Јанко од Колумбија: Свири и пее македонски песни со бенд - „Чест ми е да ја споделам мојата страст за прекрасната македонската музика“

Добивај вести на Viber

Нема поголема гордост кога странци ќе засакаат друга земја, посебно ако е твојата.  Горди сме кога ќе им се допадне храната, традицијата и музиката. Најчесто музиката е таа по која не препознаваат во светот. Седум-осминскиот такт е нашата карактеристика.

Колумбиецот по име Јанко Пенафорт, има отворено свој профил на Фејсбук како „Колумбиец пее на македонски“ и со бенд составен Колумбија и Венецуела, свират и пеат македонски песни. Во бендот на Јанко е и неговата мајка која има потекло од Украина.


„ Јас сум професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија. На оваа страница сакам да ја споделам мојата страст за прекрасната македонска музика. Ви благодарам на сите за вашите коментари и споделувања“, вели Јанко.


На профилот на Фејсбук, Јанко има фотографија и со макеоднскиот пејач на народна песна Влатко Миладиновски.


Фото: Фејсбук
РЖМ