„Насмевнете им се на несовршеностите - тие ве прават уникатна личност каква што сте“: Цеце Николова откри како изгледала како дете
Како дел од кампањата за новиот каталог на dm дрогериите насловена како #скрозјас водителката на утринската програма на Канал 5 ТВ, Цеце Николова сподели фотографии од неа како дете.
Фотографии од СОС Детското село, во кое таа го поминала своето детство и напиша моќна и мотивирачка порака:
„#скрозјас во разни периоди од мојот живот. На дел од нив зрачи несигурност и страв, но има и такви со самодоверба, среќа и благодарност. Често на глас велам: „Животе, еден си!“.
Затоа, уживајте го животот и растете од ден на ден. Исправете се пред предизвиците и погледнете ги како шанса, насмевнете им се на несовршеностите - тие ве прават уникатна личност каква што сте!“.
Инаку, водителката отворено зборува и за алопецијата, за која пред неколку години се охрабри да ѝ ја покаже на јавноста и оттогаш гордо зборува за неа.
А во неколку прилики Цеце истакна дека со алопецијата започнала да се бори уште како дете и дека тоа плус и го отежлано и нетака лесниот живот во СОС Детското село, но често ја пофалува како што таа ја нарекува мама Наташа, жената која се грижела за неа и за неколку деца и за која таа секогаш зборува со многу љубов и емоции.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм