Концерт на Јелена Томашевиќ на 8 март во Скопје - 20 годишен јубилеј и ексклузивен концерт за денот на жената

Добивај вести на Viber

На 8 март 2025 година, Македонската опера и балет ќе биде домаќин на ексклузивен концерт на една од најпочитуваните музички ѕвезди на Балканот – Јелена Томашевиќ. Со овој настан, таа ќе го одбележи својот 20-годишен јубилеј на музичката сцена, прославувајќи две децении посветеност, уметност и искрени емоции што го освојуваат регионот.

Во интимната и елегантна атмосфера на Македонската опера и балет, Јелена ќе им подари на присутните ноќ која ќе биде повеќе од концерт – ќе биде музичка приказна што ги поврзува срцата на сите генерации. Со нејзиниот извонреден вокал, кој е симбол на сила и нежност, Јелена ќе ги оживее своите најголеми хитови, како и песни кои оставија длабок печат на музичката сцена.

Во изминатите две децении, Јелена Томашевиќ се издвои како музички феномен кој го спојува традиционалното и современото. Нејзиниот глас допира до сите, а нејзините песни се химни на љубовта, вербата и животот. Од незаборавната „Оро“, која го освои целиот континент, до емотивните балади како „Име моје“ и „Да ми је да ми се врати“, секоја песна носи дел од нејзината душа и приказна. 

Овој јубилеен концерт, освен што ќе биде ретроспектива на нејзиниот богат музички пат, ќе биде и вистински спектакл со современи аранжмани, специјално подготвени за оваа пригода. Придружувана од врвни музичари, Јелена ветува ноќ која ќе биде спој на елеганција, емоција и музичко совршенство.

На 8 март, Јелена Томашевиќ Ве кани на незаборавно музичко патување во Македонската опера и балет – заеднички да славиме љубов, музика и живот!

Со оглед на ограничениот број места и големиот интерес, препорачуваме навремена набавка на карти, за да бидете дел од овој единствен настан.

Картите се пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

Линк за карти: https://www.kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5635