Создадено од рацете на Николче Мицевски и Борче Нечовски: Жаклина Маркоски сними спот за “Кај што тече вардарот” (ВИДЕО)
Сѐ уште се свежи сеќавањата од настапот на минатогодишниот фестивал „Прилеп Фолк-Фест” на нашинката Жаклина Маркоски која веќе долги години живее во Америка, а која пред домашната публика се претстави со одличната композиција „Кај што тече Вардарот”.
Станува збор за песна создадена од нашите истакнати композитори Николче Мицевски, кој се потпишува како автор на музиката и аранжманот, додека пак текстот е дело на познатиот Борче Нечовски.
Остана забележан настапот на Жаклина на фестивалот, а песната доби доста позитивни критики. Токму поради тоа таа реши оваа нејзина песна да биде и екранизирана, па по тој повод сними и одличен видеоспот. Маркоски новиот спот го промовираше пред неколку дена, односно на еден од нашите најубави празници - Бадник. Таа напиша и неколку емотивни реченици на објавата која ви ја пренесуваме во целост:
„Почитувани пријатели и љубители на македонската народна песна, најпрво да ви ги честитам новогодишните и божиќните празници. Ви посакувам многу здравје, љубов, слога и спокој во вашите души. Чест ми е да го најавам мојот најнов музички проект на кој работевме подолг период со моите соработници. Уште едно инзвонредно музичко дело на нашиот маестро- Николче Мицевски во соработка со Борче Нечовски!”
Жаклина не застанува тука, напротив таа со својот тим веќе се подготвуваат за новиот проект, за кој сме сигурни дека ќе биде уште едно музичко ремек-дело.
Сега уживајте во “Кај што тече Вардарот”.