„Имам целулит, Филип ме предупредува, се обидувам да го решам тој проблем“: Вака Александра Пријовиќ ослабе 23 килограми за три месеци
Александра Пријовиќ важи за една од најубавите пејачки на српската јавна сцена и изгледа никогаш подобро.
Меѓутоа, по породувањето Александра имаше вишок килограми, а со намалена диета успеа да ја доведе својата фигура до совршенство и да ослабе 23 килограми. Како што еднаш истакнала, за три месеци се стопила и си ја вратила старата тежина.
-Кога се породив имав 23 килограми повеќе отколку пред породувањето. Додека бев бремена не бев толку внимателна и во последните три месеци од бременоста многу се здебелив, бидејќи постојано имав мачнини, постојано јадев тесто, мислев дека ќе ми биде полесно. Кога почнав да размислувам за тоа колку брзо треба да се вратам на работа, се поколебав, бидејќи како млада мајка и жена, мислам дека треба да се грижам и да изгледам добро. Верував дека лесно ќе го решам тоа. Сакам слатки, сакам тесто... Сакам се од слатко. Со диетата по три до четири месеци имав помалку килограми од порано“, откри тогаш пејачката за „Информер“.
Откако ослабе, Александра знаела да се напие пиво навечер.
Пријовиќ: „И јас имам целулит“
Како и повеќето жени, така и пејачката се соочува со целулит, обидувајќи се да се ослободи од него.
-И јас имам целулит, дури и Филип ме предупредува дека имам малку. Се обидувам да го решам и тој проблем. Сега сум слаба и тоа е единственото нешто што ми пречи на моето тело – изјави таа неодамна за „Блиц“.
- Па, не почнав веднаш да пијам пиво (се смее), но кога ја достигнав посакуваната тежина, и признав на нутриционистката Ана, а таа ми рече дека не е страшно, дека земам витамини од групата Б. Не е многу здраво, но... - рече тогаш Александра.
Фото: ИнстаграмИзвор: blic.rs